Овен (21.03 – 20.04)
Можно е денес да не сте способни целосно да и се посветите на работата, ќе сакате малку да одморите. На емотивен план се е одлично, бидете позитивни и радоста ќе трае.
Бик (21.04 – 21.05)
Поволен ден за сите уметнички души во овој знак. Денес ќе имате особено креативни идеи. Во љубовта слободните ќе ги привлече мистериозно лице.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можете да се надевте на исплатата која сте ја очекувале. Вашиот труд дефинитивно се цени. Во љубовта ве очекува стабилен ден покрај саканото лице.
Рак (22.06 – 22.07)
На работното место ќе ви биде многу напорно, ќе мислите дека сите бродови ви потонале. Во љубовта очекувајте да ви пријде интересно и шармантно лице.
Лав (23.07 – 22.08)
Малиот неуспех кој го доживеавте во текот на работата не треба да ви создава проблеми, лесно ќе го решите. Доколку сте во брак вашиот партнер ќе има некој необичен предлог.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе успеете да решите некои финансиски проблеми и ќе се чувствувате убаво поради тоа. Ве очекува поволен ден за флерт и нови познанства.
Вага (23.09 – 22.10)
Конечно ќе помине преангажираната фаза во која бевте, па од овој ден ќе можете малку да се опуштите на работното место. Во љубовта не се грижете доколку подолго сте сами, доаѓа убав период.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Влегувате во фаза во која ќе морате да донесете некои нови одлуки поврзани за вашето деловно поле. Стабилноста ви годи кога станува збор за љубовта.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Успешно ќе ги решите финансиските проблеми и во наредниот период ве очекува деловно патување. Во љубовта ќе сфатите многу нешта, па емотивно ќе се регенерирате. Ќе ви годи тоа.
Јарец (22.12 – 20.01)
Влегувате во поволен период за полето на финансии. Можно е значително подобрување на овој план. Во љубовта пред вас е шанса да влезете во една многу интересна и необична врска.
Водолија (21.01 – 19.02)
Имате работа преку глава и тешко ќе ви оди нејзиното извршување. Во љубовта ве очекуваат ситни но слатки кавги. Не бидете намуртени, уживајте во секој ден.
Риби (20.02 – 20.03)
Решивте сериозно да им пристапите на обврските кои чекаат на вас, потребно е подобро да се организирате. Можете да очекувате дека во своето секојдневно опкружување ќе сретнете една интересна личност на која ќе и го посветите вашето внимание.