Роналдињо сѝ ќари прасе во парагвајскиот затвор (ФОТО)

by Тони Зографски

Некогашната бразилска фудбалска суперѕвезда, Роналдињо,во моментов се наоѓа во затвор во Парагвај и се вклучи во затворски турнир. Поранешната sвезда на Пари Сен Жермен, Барселона и Милан првично се двоумеше да учествува во турнирот. Тој немал соодветни копачки, но затворскиот персонал му обезбедил.

Роналдињо блескал на турнирот и во финалниот натпревар постигнал пет погодоци и запишал шест асистенции во победата од 11:2.

Според медиумите, тимот кој го освоил турнирот добил свиња од 16 килограми како награда.

Инаку, Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис беа уапсени во Асунсион минатата недела, откако се обидоа да влезат во земјата со лажни парагвајски пасоши. Локалниот суд го одби нивното барање за куќен притвор. Тие ќе останат во затвор наредните шест месеци или додека не заврши истрагата.

https://twitter.com/i/status/1238642350429265921

останати вести