Овен (21.03 – 20.04)
Моќта на убедување ви е многу голема и не постои некој којшто нема да попушти. Денеска, колку и да сакаат да ве убедат во спротивното, вие ќе бидете појаки и вашите аргументи ќе бидат логично поставени. Имате високи цели и сега е моментот да ги остварите. Вашите успеси можат да ви донесат и многу непријатели.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес ќе бидете окупирани со случувањата во домот. Ако имате потреба да реновирате или да внесете мали промени во домот, крајно време е да го сторите тоа. Ситуацијата со домашните, по подолго време, е другарска и ја имате нивната целосна поддршка. Сите ваши идеи ќе бидат прифатени и можете да се опуштите. Ситуацијата на работното место е добра и со леснотија ќе ги завршувате работните задачи.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Сметате дека сте доволно одговорни во однос на работата и нема потреба за мешање од страна. Денес е можен успешен разговор во врска со некоја зделка со странство. Малку сте емотивно напнати и веќе ви е смачено да се докажувате. Сметате дека тоа одамна сте го направиле и дека опкружувањето треба да ви ја даде довербата. Послушајте ги советите на партнерот.
Рак (22.06 – 22.07)
Ако се занимавате со јавна работа, денешниот ден ќе ви донесе неочекуван успех. Агресивната реторика и амбициозниот пристап полека ви ги отвораат вратите кон успехот. Целта ќе ја остварите, но внимавајте да ги зачувате нервите. Негативните емоции кои ќе ве обземат денес се резултат на преголемата амбиција.
Лав (23.07 – 22.08)
Денеска внимавајте немирот кој го чувствувате да не прерасне во депресија. Одлуките кои сега ќе ги донесете ќе имаат големо влијание врз вашата иднина. Копањето по минатото нема никаде да ве одведе. Денес партнерот ќе се обиде да ви помогне, преземајќи контрола врз некои работи кои вие не сте во состојба да ги завршите. Бидете благодарни.
Девица (23.08 – 22.09)
Работите, конечно, тргнаа од мртва точка, и полека ќе ја остварите целта која сте си ја зацртале. Во меѓувреме, внимавајте да не ги изгубите нервите и да не ги оптоварите домашните со вашите планови. Внимавајте на крвниот притисок. Сакате работите да ги завршите колку што е можно побрзо и нетрпеливоста ве разјадува.
Вага (23.09 – 22.10)
Во изминатиот период имавте проблеми со кариерата. Работите ви одеа во несакан правец и сите чекори кои ги преземавте беа погрешни. Денес ќе сфатите дека сте оделе во погрешен правец и дека новата анализа која ја правите ќе вроди со плод. Можеби ќе треба да отидете на пократок пат за да завршите некои заостанати работи. Не дозволувајте да ве обземе нервоза.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Во моментов приоритет ви се пријателите и заедничкото дружење. Тоа ве исполнува и го храни вашето его. Сакате да им помагате на пријателите и да ја чувствувате нивната благодарност. Внимавајте да не се занесете премногу и да не почнете да си поигрувате со нивното его. Може да се случи да навредите некого и тој да го заборави сето добро што сте го направиле за него.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можеби е добро да размислите за минатото и да сфатите каде сте згрешиле, но сепак, време е да се свртите кон иднината. Денес е можна тајна средба која ќе разбуди емоции кај вас и ќе ви даде нова надеж. Денес е можна парична добивка. Се работи за хонорар или за пари од тајни извори.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес ќе бидете многу енергични, но се уште сте под влијание на емоциите. Не дозволувајте моменталната криза да ви ја одзема енергијата и да ви ги закочи плановите за иднина. Решивте минатото да го оставите зад вас и храбро да тргнете кон иднината.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не постои нешто што ќе ве сопре да ја остварите целта која сте ја зацртале. Можно е во утринските часови да остварите договор со некој што се наоѓа во соседен град. Бидете внимателни и не потпишувајте договори, пред да ги прочитате добро. Колку и да ви изгледа примамливо, може да бидете изманипулирани. Не се работи за голема измама , но сепак, ќе бидете револтирани.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате чувство дека се почнува и завршува со вас. Во утринските часови може да ве вознемири повик од член од семејството. Меѓутоа , ќе ги отфрлите лошите мисли и ќе се обидете да размислувате позитивно. Доколку имате закажано некој работен состанок, очекувајте успех.