БРАВО АНА: Ќерка му на Влатко Стефановски ја одбрани докторската теза на Универзитетот во Падова (ФОТО)

by Тони Зографски

На последната објава на својот Инстаграм профил гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски објави фотографија со неговата ќерка Ана и радосна вест.

– Мојата ќерка Ана Стефановска ја одбрани својата докторска теза на Универзитетот Подова, Италија. Браво Ана – напиша Влатко на англиски јазик во прилог на фотката со Ана и доби многу честитки.

Инаку, Ана пред два месеци наполни 31 година.

Што се однесува до синот на Влатко Јан, од татко си ја наследи љубовта кон музиката и веќе некое време свири тапани како дел од “Влатко Стефановски трио.“ Јан оваа години беше и матурант во гимназијата “Нова“.

останати вести