Овен (21.03 – 20.04)
Наклонета ви е позицијата на Меркур, Јупитер и Месечината. Не морате да се грижите, се е на ваша страна, но со жените, без оглед кој пол сте вие, бидете внимателни, дури и со оние кои ви влегуваат во домот како пријатели. Некој премногу ќе се меша во вашата приватност, не го дозволувајте тоа. Верувате дека можете да се договорите со некоја Водолија за важни прашања.
Бик (21.04 – 21.05)
Преполниот знак на Девица за многу претставници на вашиот знак значи можност да се заљубите, да добиете на лото или да доживеете нешто исклучително пријатно, можна е средба со некој кој ви е многу симпатичен. Внимавајте што и пред кого зборувате, дури и со партнерот, можно е да слушнете нешто што не ви одговара.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ден полн со неизвесности, особено кога станува збор за соработка со оние кои се претставуваат како ваши пријатели. Деловниот партнер е тврдоглав, а вие уште повеќе. Не дозволувајте никој да ве третира на начин кој е под вашето достоинство. Подготвени сте да поминете преку нечии пропусти.
Рак (22.06 – 22.07)
Астролошкото поле на работата е прилично „нападнато“ со планети кои носат нервоза и неразбирање меѓу колегите и домашните но затоа транзитот на Месечината преку Лав многу ви одговара. Потрудете се никој да не забележи дека со некој Овен и Шкорпија не успевате најдобро да се разберете.
Лав (23.07 – 22.08)
Нагласеното астролошко поле на кариерата ви носи можност за средба со некој кој смета на вашата поддршка и кој секако ќе ви подаде рака доколку започнувате некоја нова работа. Трудете се да му дадете на знаење на претпоставениот што очекувате од него.
Девица (23.08 – 22.09)
Немате доволно цврст и јасен став за многу прашања. Многумина ве доживуваат како личност која е премногу толерантна кон многумина кои тоа не го заслужуваат. Можеби ќе ја повторите грешката и повторно ќе преминете преку нешто што ве нервира. Ќе добиете повик од некој Лав или Стрелец во врска со продолжување на соработката на некој голем проект.
Вага (23.09 – 22.10)
Добивате повици од личност која работи со странци или живее во странство во врска со некоја можна соработка со еден Стрелец или некој Лав кој ви понудил нешто прекрасно. Вие ќе сакате да изберете некоја полесна работа, но тешко ќе успеете да се договорите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Сонцето во вашиот знак и Месечината прекуЛав би можеле да донесат проблеми во комуникацијата со жените, особено ако работите во голема приватна компанија. Ќе добиете повик за излегување од некој кој секогаш ви бил симпатичен, можно е да станува збор за домашна забава. Можна е добивка на игрите на среќа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ова би можел да биде напорен ден ако себеси премногу се оптеретувате со невозможни работи за кои сте сигурни дека немаат перспектива. Ќе добиете повик од повеќе страни во врска со работа и тоа ќе ви ги промени плановите. Би требало да повикате некоја Риба. Ќе добиете повик да се сретнете со некој Стрелец.
Јарец (22.12 – 20.01)
Нагласено е астролошко поле за странство и кариерата поради кое ќе бидете најверојанто подготвени да влезете со голема страст во новите деловни аранжмани. Месечината во Лав ви одговара кога станува збор за некој нов проект во рамките на партнерските односи и тоа добро платен. Ќе бидете повеќе од задоволни.
Водолија (21.01 – 19.02)
Добро се чувствувате во друштво на лице кое има врска со странство и со кое можете да остварите добра соработка. Ќе добиете понуда за пат во странство. Ако сте млади, постои можност за обнова на соработката со некогашниот работодавец. Трудете се да бидете повеќе фер во тимската работа.
Риби (20.02 – 20.03)
Би било подобро да не ја истерувате правдата без оглед колку сте во право бидејќи најверојатно ќе морате да се расправате со некоја Девица, Овен или Близнаци, а тоа е нешто што сигурно би сакале да го избегнете. Се трудите никој да не примети што ве нервира. Ви претстои средба со Јарец или Рак.