Овен (21.03 – 20.04)
Денешната позиција на Месечината им одговара на родените на средината на 70-тите, но напнатиот аспект меѓу Венера и Месечината може да ве доведе до недоразбирања со некој член на семејството или со вашиот партнер, особено ако сте во брак или подолга врска. Подготвени сте да се сретнете со еден Бик кој често ви испраќа убави смс пораки.
Бик (21.04 – 21.05)
Позицијата на Венера ви носи љубовен состанок кој се памети, особено со некој Стрелец, Овен или Водолија. Сите кои се слободни, денес би требало да го организираат своето време и да стигнат да се појават некаде во друштво каде некој желно ги очекува. Можен е почеток на нова врска или романса. Оние во брак или долга врска дополнително ќе го зацврстат статусот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
За некои моментални настани и случувања ќе треба да одлучите колку ви значат, но и што треба да научите од нив. Ќе бидете чувствителни на она што другите го мислат и зборуваат за вас. Не ги сфаќајте премногу лично. Внимавајте на соработката со деловните партнери, бидете покоректни.
Рак (22.06 – 22.07)
Заинтересирани сте, но сепак, не ќе можете се одеднаш да реализирате. Овој ден ви носи некои новости. Пред се на професионален план ќе ви пристигнат понуди за кои сте одамна заинтересирани, но не можете да прифатете дополнителна работа на која нема да можете професионално да одговорите.
Лав (23.07 – 22.08)
Нема да ви недостига мотивација за работа, но луѓето околу вас некако нема да бидат расположени да ве остават да се сконцентрирате. За да не се нервирате непотребно, предвреме подгответе се дека ве очекуваат пречки. Размислете реално дали вашите бизнис идеи се возможни.
Девица (23.08 – 22.09)
Некои лоши вести поврзани со вашата работа денес би можеле многу да ве вознемират. Најверојатно ќе се запрашате каква е вашата иднина и како да го промените тоа прашање. Размислете за тоа, но не донесувајте одлука денес. Мора да бидете повеќе сигурни во себе отколку што се. Во меѓувреме разгледајте си сите опции.
Вага (23.09 – 22.10)
Бидете посмирени и обидете се да најдете заеднички јазик за да не ја ставате вашата работа во ризична положба. Оние кои се во сериозна врска да имаат повеќе разбирања за барањата на партнерот. Внимавајте на нервите, но и на парите, некој друг ќе се обиде да ги потроши.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе имате спротивставени реакции денес, во ситуации во кои не се чувствувате најпријатно. Ќе имате неуспешни замисли во креативната работа, љубовниот интерес или заради тежината на одговорностите кои ви следат. Ако се соочите со реалноста може да си помогнете.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дозннаете информации за некои минати работи. Ова е период кога ќе се сретнувате со некои стари пријатели. Не преземајте нови проекти, туку размислете ги подобро идеите и случувањата кои ги имате во моментот. Внимавајте, можно е да не бидат правилно разбрани вашите пораки.
Водолија (21.01 – 19.02)
Сеуште се чувствува влијанието на полната Месечина, што повторно се одразува како на оние амбициозните, така и на оние помалку заинтересираните лица од овој знак. Може да имате успех во секоја работа која подразбира контакт со многу луѓе, особено во рамките на спортот или уметноста. Не навлегувајте во дискусија со земјените или водените знаци.
Риби (20.02 – 20.03)
Би требало да го решите прашањето околу статусот на работа, но и да расчистите со некои ваши илузии и да ја прифатите реалност. Може да очекувате повик од една Шкорпија или Јарец во врска со продолжување на соработката, но прашањето е дали условите за работа ќе ви одговараат целосно. Можна е работа во приватна компанија. Некој член од семејството ќе ви понуди решение во врска со недвижнините.