Марина Балмашева, од Русија, која во мај го шокира светот бидејќи се одлучи да се омажи за својот 14 години помлад посинок Владимир, се породи со женско дете.
Марина, која минатиот јуни објави дека чека бебе, вчера сподели фотографија од ќеркичката на Инстаграм. На инфлуенсерката која се прослави со документирање на своето слабеење ова и е петто дете, откако со поранешниот сопруг посвоила четири деца. Но, според „Руски вести“, сите деца останале по разводот со Алексеј, откако судот и ги одзел родителските права.
45-годишниот Шавирин вели дека неговата поранешна сопруга „го завела неговиот син“. „Тие немаа срам, имаа секс дури и кога бев дома“, рече тој. „Ќе и простев за изневерувањето – да не беше со мојот син.”
„Одеше во креветот на мојот син од нашата спална соба додека јас спиев … После тоа ќе се вратише и ќе легнеше во кревет со мене како ништо да не се случило.”
Во меѓувреме, Балмашева, наводно, барала предбрачен договор со Владимир, кого го познава од неговата седумгодишна возраст.
Руската блогерка со повеќе од половина милион следбеници на Инстаграм признала дека направила естетска операција за да стане попривлечна за нејзиниот посинок.
“Дали жалам што го уништив семејството? Да и не”, им рекла таа на своите придружници.