Овен (21.03 – 20.04)
Пред вас е исклучително активен период. Задоволни сте од сопствените квалитети, оптимистички му пристапувате на животот. Очекувајте промени на подобро. Работите со кои се занимавате бараат иновации, за кои целосно сте подготвени.
Бик (21.04 – 21.05)
Сакате да ја проширите вашата мрежа од бизнис контакти? Денес е идеален ден за тоа. Ќе запознаете многу важни луѓе кои ќе бидат импресионирани од вашите вештини. Не се внесувајте премногу во улогата на посредник, затоа што може да се најдете во непријатна ситуација од која тешко ќе излезете. Денес слушајте го вашиот разум, а не срцето.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Не сомневајте се во себе, навистина блескате. Партнерот е заслужен за тоа што се чувствувате добро. Доколку сте осамени, потрудете се и во тоа да уживате. Многу од припадниците на овој знак ќе бидат изложени на погледи од јавноста.
Рак (22.06 – 22.07)
И покрај тоа што мрзеливоста не е својствена за вас, денес таа ќе ве надвладее. Филмскиот маратон, излежувањето и доволниот сон целосно ќе ја обноват вашата енергија. Ќе сфатите дека од спиење спомени нема, па вечерва ќе се разбудите преку активно дружење. Воздржете се од преголемо зближување со непознати личности.
Лав (23.07 – 22.08)
Насмевнете се. Денес на луѓето околу вас ќе им биде потребна вашата позитивна енергија. Неочекувано ќе станете важен фактор во животот на ваша блиска личност. Некои луѓе не ја заслужуваат вашата лојалност, па стојте подалеку од нив. Но, не грижете се, вашата интуиција и овој пат нема да ве изневери.
Девица (23.08 – 22.09)
Скротете ја љубопитноста и држете се подалеку од туѓите животи. Без да почувствувате, можно е да навлезете во чувствителен аспект од животот на блиска личност. Тоа може да биде причина за нарушување на хармоничните односи. Понекогаш молчењето е злато, па верувајте и на интуицијата кога ви кажува дека треба да го сопрете зборувањето.
Вага (23.09 – 22.10)
Големи се шансите да добиете поголема функција. Бидете упорни и не пропуштајте ја оваа можност. Здравствената состојба не ви е најдобра, внимавајте на бубрезите. Во љубовта имате слатки маки кои лесно ќе ги пребродите. Откако ќе ги согледате овие работи, ќе сфатите дека беспотребно сте се нервирале.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес е вашиот среќен ден. Може да очекувате многу одлични изненадувања. Може да добиете некои неочекувани пари или некој ќе ви предложи многу интересен и потенцијално успешен проект. Прифатете ги опциите кои се пред вас, денес не можете да погрешите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес во вашиот мозок е само страста. За жал, имате многу обврски кои мора да ги завршите за да и се препуштите на саканата личност. Иако вие сакате да ги оставите сите обврски за некој друг ден, денешната енергија ќе ви овозможи се да завршите на време и без мака. Не ја пропуштајте оваа прилика, многу ќе ви се исплати.
Јарец (22.12 – 20.01)
Луѓето ги ставате на прво место, но морате да се насочите кон работата. Им давате предност на работите што носат видливи резултати. Опкружени сте со клевети и манипулации, но однапред се дистанцирате од негативности. Нагласена е интуицијата. Таа ви помага побрзо и полесно да комуницирате со луѓето. Дајте им го она што сакаат да го слушнат.
Водолија (21.01 – 19.02)
Голема е веројатноста денес одредена личност да се обиде да ја искористи вашата љубезност, а тоа вас ужасно ќе ве изнервира. Убавата вест е што ќе и се спротивставите и ќе победите. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе бидете среќни и задоволни. Некој ви помага да се искажете на вистински начин, не отфрлајте го тоа. Го идеализирате партнерот и тоа сосема е погрешно. Занимавајте се со уметност, бидејќи имате нагласена фантазија и креативност.