Премиерот Зоран Заев денеска го слави 46-тиот роденден. Тој е роден на 8 октомври, 1974 година во Струмица. Во 1997 година дипломирал на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде што продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии.
Зоран Заев е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) од 1996 година, а од 2003 до 2005 година е пратеник во Собранието на Македонија. Во 2005 година, Заев стана градоначалник на Струмица, а од 2013 година е прв човек на СДСМ. По победата на парламентарните избори во 2016 и 2020 година, тој е предводник на Владата на земјава.
Зоран Заев е оженет со Зорица, со која имаат две деца, ќерката Александра и синот Душко.