Утринава директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски бил удрен од пијан возач кај Универзална сала.
Тој бил веднаш хоспитализиран на Клиника со мали повреди но за среќа е добар, напиша на фејсбук. Нема да го тужи возачот но апелира да не возат пијани и да внимаваат бидејќи го загрозуваат својот а и туѓите животи.
“Другари добар сум, да не ме мислите. Ви благодарам на сите.
Утринава имав сообраќајна несреќа при што пред универзална сала од споредна улица со брзина пд 90км на час во мене удри возило управувано од шофер во алхохолизирана состојба. Ја сочекав полицијата направи увид и отидов на клиника. Имам повреди но за среќа добар сум. Нема да го тужам приватно дечкото, само ќе порачам возачите да внимаваат и да не возат кога пијат алхохол,бидејќи загрозуваат свој и туѓи животи“ напиша Галетановски на својот Фејсбук профил.