На возач на автобус му се слошило на пауза, па починал на “Стража“

by Тони Зографски

Возач на автобус починал од засега непознати причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Според СВР Тетово, станува збор за Г.Д (37) од Скопје. Тој возел автобус „мерцедес” со скопски регистерски таблици и починал  на превојот Стража.

Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на „Стража”, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.

останати вести