И покрај тоа што тигарот бил врзан со ремени, тој успеал да ги придвижи предните нозе и опашката, навестувајќи ја неговата нескротлива природа, пренесува АП.

Во меѓувреме, љубопитните малечки го чекаа својот ред за уникатно искуство. Оваа атракција се наплаќала 20 јуани (2,5 евра) по фотографија.

Неколку дена подоцна реагираше и Секторот за култура, спорт и туризам, при што беше утврдено дека циркусот организирал претстави без соодветно одобрение.

Почитувајќи ги законските и регулаторните стандарди, надлежните наредиле итно прекинување на изведбите, што било сторено.