Најмалку две лица се повредени во сообраќајната несреќа која синоќа се случи во скопската населба Влае. Според првичните информации толку луѓе се јавиле на лекар со полесни повреди по сообраќајката во која учествуваа повеќе возила. Впрочем според информациите едно возило удрило во паркирани автомобили и канделабра.
Повредените лица по лекарскиот преглед се пуштени на домашно лекување.
Несреќата се случила на булеварот „Партизански Одреди“ кај Порта Влае.
Во несреќата се оштетени повеќе возила, урната е метална бандера со помал билборд.
Фото: ТВ Алсат