Белгиската полиција употреби водени топови и солзавец за да ја растера забавата на противниците на рестриктивните мерки во еден парк во Брисел.
Собирот, на кој се собраа неколку стотици млади луѓе кои се спротивставија на правилата за социјална дистанца се одржа една недела пред олеснувањето на епидемиолошките мерки, пренесува Ројтерс
Организаторите испратија покана за забавата преку Фејсбук. Подоцна, по барање на обвинителството постот е отстранет, а посетителите предупредени дека ризикуваат да бидат уапсени или казнети.