Никола Шалевски д-р. вет. мед.
Ветеринарна Амбуланта Прима Вет Медика – Скопје
Со денешната статија го заокружуваме серијалот за шугата кај домашните миленици. Денес ќе се фокусираме на демодикозата.
1. Како настанува демодикозата кај домашните миленици?
Демодикозата кај домашните миленици ја предизвикуваат шугавците од фамилијата Демодеџ. Тие се артроподи, и имаат специфичен изглед на топуз и долги се 0.3-04мм , а широки помалку од 0.1мм. Поради нивната градба тешко се приметуваат со голо око. Специфично за Демодексот, за разлика од другите шугавци, сапрофитски ги населува фоликулите на влакната и се дел од нормалната микро флота на крзното на секој домашен миленик, посебно може да се најдат околу фоликулите на трепките на очите. Милениците не заболуваат бидејки нивниот имунолошки систем не му дозволува на демодексот да се размножи во доволен број да предизвика патолошки промени, односно до демодикоза доаѓа кога имуниот систем ќе потфрли во заштитата на организмот. Се јавува како секундарана промена при некој аутомуни болести, при хронични инфекции, стрес, неухранетост, анемии, диабетес и ред други пореметувања што предизвикуваат намалување на јачината на имунитетот.
2. Како се манифестира демодикозата кај домашните миленици?
Како што наведовме погоре манифестацијата на демодикозата е тесно поврзана со имунитетот. Поради ова демодикозата е доста честа и често се манифестра кај милениците, но со појачување на имунитетот да остане и незабележана од сопствениците. Доколку промнинира, демодикозата манифетира локално или општо. Промените се слични како и оние на саркоптичнот шугавец, односно црвенило на кожата и опаѓање на крзното со појава на свраб и појава на перутање и разранување на крзното. Доста често и специфично за демодикозата се промени околу очите во облик на оголување, кои кај општата форма се прошируваат по лицето, околу устата, понатака по вратот, слабините и екстремитетите. Доколку не се третира настанува задебелување на кожата и појава на лезии, рани и красти проследени со секундарни инфекции.
3. Дали демодикозата е заразна и дали е опасна по здравјето на човекот?
Имајки во превид манифестацијата на демодексот е тесно поврзана со имунитетот, демодексот може да се пренесе од болно на здраво животно само во услови на низок имунитет на здравиот организам. Со оглед на тоа дека демодекс видовите се дел од микрофлората на кожата кај човекот, иако е многу ретко демодикозата е зоонозна болест, но нејзината манифестација кај луѓето не е многу агресивна и начесто поминува незабележано.
4. Како се третира демодикозата?
Поради тесната корелација со имунитетот, во дури во 90% од случаите демодикозата се повлекува без посебен третман со појачување на самиот имунитет. Но доколку проминира, терапијата е слична како онаа на саркоптичниот шугвец односно постојат цел спектар медикаменти за третман на демодикозата кај домашните миленици. Инјекциони и орални медикаменти кои ги користат ветеринарните експерти, разни инсекртицидни растовори и лосиони и шампони за локален третман, како и спот он ампули и орални таблети за џвакање кои делуваат паретерално низ целото тело на миленикот. Треба да се напомене дека демодекстот е доста отпорен и третманот против него може да потрае подолго време и неколкукратно да се повтори. За да се појача имуниот систем, потребна е миленикот да се храни со храна богата со протеини и витамини А,Д3 и и Е како и од групата на Б комплекс вклучуваји го и биотинот кој помага за обнова на крзното, исто така постјат и таблетарни суплементи за појачување на имунитетот и обнова на крзото. За подетални информации за третманот на вашиот миленик доколку се сомневате дека е заболен од шуга може да се обратите кај нас во Ветеринарната Амбуланта Прима Вет Медика – Скопје или кај вашиот ветеринар.