Нико Беќаровски, научен советник и раководител на интензивна нега на Универзитетската клиника за токсикологија, на својот Фејсбук профил објави дека дел 25.500 досега регистрираните како заболени од ковид-19 се лажно позитивни, а дека има огромен број вистински заболени кои не се тестираат.
“Се согласувам и тврдам дека дел од 25.500 досега регистрирани, се лажно позитивни, само контаминирани и колонизирани со вирусот, ама не и БОЛНИ, ама од друга страна има и огромен број на вистински ЗАБОЛЕНИ кои не се тестираат, кријат, лажат, се лечат од “настинки” по приватни ординации итн.
Ајде да тргнеме од параметарот леталитет.
Во МКД за жал до денес починаа 874 пациенти од Ковид. Ако го прифатиме општо прифатениот процент за леталитет од SarsCov-2, односно 1-3%, бројот на досега вистински заболени би се движел меѓу 27.000- 87.000, што е многу поголем од тој што сме го откриле. Ако во последните 14 дена имаме 103 починати, во моментов реално имаме 3.000 – 10.000 вистински болни. Звучи страшно, нели, ама e реално.
Ако ја примениме математиката на Вело Марковски, кој тврди дека смртноста од вирусот е 0.15% бројот на досега заболени во Мк би бил преку 1.000.000. И на крајот, ако веќе десетина дена бројот на позитивни е околу 1/5 од тестираните, моменталната “прокуженост” (не можам да се сетам на мк збор) е околу 400.000, “ напиша на Фејсбук, доктор Нико Беќаровски.