СЕ ЗАРАЗИЛО ОД БАБАТА: Двомесечно бебе од Битола позитивно на Ковид-19

by Тони Зографски

Двомесечно бебе стана најмладиот жител на Битола заразен со Ковид-19.

Според податоците од Министерството за здравство, бебето се заразило од близок член во семејството, поточно од неговата баба која живее во друг град. Од потесното семејство на бебето, мајката е исто така позитивна на Ковид-19, пишува „СДК.мк“.

Во моментов бебето е со лесна клиничка слика и под надзор на матичниот педијатар. Ова бебе е еден месец помало од тримесечното кое со коронавирус се зарази на крајот на август и успеа да ја победи болеста.

Од ковид-19 според здравствената евиденција се имаат разболено и неколку деца, но вирусот го поминале без поголеми проблеми. Кај тригодишно дете болеста е уште во тек.

Извор:СДК.мк

останати вести