Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Акромегалијата е ретка но сериозна медицинска состојба која се јавува кога телото создава премногу хормон на раст (growth hormone, GH). Зборот акромегалија доаѓа од грчките зборови акрос што знaчи високо и се однесува на екстремитетите (раце и нозе) и мегалија што значи големо. Акромегалија буквално значи “големи екстремитети.”
Хормонот стумулира раст и развој кај децата. Кај возрасни хормонот предизвикува абнормален раст кој вообичаено почнува во рацете и стопалата, влијае на нивото на енергија, мускулната сила, здравјето на коските и доброто општо чувство.
Најчеста причина за болеста е бениген тумор (неканцероген), аденом на питуитарната жлезда кој продуцира повеќе хормон на раст. Тоа е мала жлезда во черепот, веднаш под мозокот која регулира и други хормони.
Ретко тумор на панкреасот, црниот дроб или делови од мозокот може да предизвикаат акромегалија произведувајќи високо ниво на друг хормон кој ги дава истите симптоми.
Најчесто се дијагностицира во средна возраст, подеднакво ги зафаќа мажите и жените. Кај децата премногу хормон на раст води до состојба наречена гигантизам.
Лекарите често не мислат на оваа дијагноза бидејќи типчните симптоми бавно и долго време се јавуваат. Секој случај е различен, некогаш може да поминат години пред да се приметат симптомите. Најчесто зголемувањето на рацете и стопалата се јавува постепено и луѓето тоа не го земаат за сериозно.
Симптоми
Болеста ги зафаќа коските и ткивата и предизвикува тие да растат на ненормален начин. Симтомите почнуваат бавно и бавно се развиваат и на почеток може да не се забележат.
Најчесто прво шаките и стоплата стануваат згоголеми.
Делови од лицето стануваат погруби и пошироки, усните и јазикот стануваат поглеми, носот, долната вилица поиздолжена и испакната, челото поиспакнато.
Забите може да почнат да се радвојуваат.
Аденомот може да притиска на оптичкиот апарат и да се јават промени во видот.
Болки во зглобовите
Главоболки
Зголемено потење и мирис на кожата, мрсна задебелена кожа, груби, цврсти влакна на телото
Карпал тунел синдром или пробеми со ՛рбетен мозок, вкочанетост или “иглички” во рацете
Мускулна слабост, умор
՛Рчење или апнеја при спиење
Промени во гласот, погруб глас
Помала сексуана желба, промени во менструацијата, еректилна дисфункција.
Третманот зависи од возраста и општото здравје. Има три можности – операција, лекови (го намалуваат нивото на хормонот или ги блокираат ефектите на хормонот на телото) и зрачење.
Ако не се третира може да води до инвалидизирачки и обезличувачки симптоми кои влијаат на квалитетот на живот.
Компликации – кардиоваскуларна болест, срцева болест, дијабетес, гушавост, висок крвен притисок, остеоартритис, преканцерогени промени на дебелото црево, гобиток на вид.