Луси Луксор е млада жена која со години се соочува со проблем поради големината на нејзините гради.
Тие особено се зголемиле по раѓањето на нејзината ќерка, па себеси се сметала за „казнета“. Поради овој проблем таа не излегувала од дома 2 г. Не само што проблемот е естетски, туку големите гради ѝ го оптоваруваат грбот.
Благодарение на партнерот кој ѝ е постојана поддршка и милионските прегледи на првото објавено видео, таа конечно се соочи со својот проблем и изгради самодоверба. Благодарение и на мајките кои ги сретнува кога оди во училиште по својата ќерка, таа некако го надминала овој проблем и научила да живее со него.
Како тинејџерка, како што вели, момчињата ја гледале со презир и често знаела да се чувствува непријатно поради тоа, а поради болките што ги трпи во грбот мора секоја втора недела да оди на масажа. Хирургот ѝ рекол дека не може многу да се направи кога станува збор за намалување на градите. Дури и да ослабе, градите нема да исчезнат. Луси во меѓувреме ослабела 16 килограми.
Многу други, кои се борат со истиот проблем, најдоа поддршка во оваа жена. „Сите се борат со одредено незадоволство“, рече таа, додавајќи дека „важно е тоа да не влијае на менталното здравје“.