Фотографијата од бањата од Босна, на која тоалетот е под туш, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи!
На социјалните мрежи, поточно на Фејсбук страницата „Squatting Slavs in Tracksuits“, е објавена фотографија од бањата, за која се вели дека е направена во Босна и Херцеговина. Ако се прашувате што е толку интересно да се пишува за оваа бања, доволно ќе биде да ја погледнете фотографијата – ВЦ школката е под туш!
Оваа фотографија привлече големо внимание, а додека многумина се прашуваат зошто некој би направил ваква бања, други се шегуваат дека тоа е одличен начин да се заштеди вода.
„Зошто да трошите вода и време кога можете да го направите ова? Паметно“, „заштедете вода“, „против непријатни мириси“, напишаа луѓето, а некои се пошегуваа дека ова е идеалниот начин да се обезбеди приватност во бањата.
„Тие се со децении пред нас кога станува збор за ова“, се пошегуваа странците, а некои коментираа дека ова е „два во едно“ и „многу практично“.