Србија ги укинава витамините Ц и Д од терапијата против ковидот

by Тони Зографски

Српските медиуми известуваат дека се воведени нови протокли во болничкото лечење на ковид-пациентите, но и во препораките за домашно лекување.

Тие ги укинуваат додатоците со витамини Ц и Д, кои досега беа задолжителен дел од лечењето. Ова се должи и на „клукањето“ со витамини и суплементи без препораки од лекари, но и на масовното препишување на додатоци од страна на матичните лекари во соработка со одредени фармацевтски компании.

Ова се должи и на оралните ковид-терапии кои Србија неодамна ги набави, кои внесуваат сосема нов тек во начинот на третирање на болеста.

останати вести