Бразилката Џенифер Памплона дури 20 пати се препуштила на естетските хирурзи со цел да ја оствари својата една и единствена желба – да личи на Ким Кардашијан.
Џенифер има 29 години, а првите корекции ги започнала на само 17 г. Тогаш ја направила првата операција за зголемување на градите, а во еден момент имала дури девет операции за 24 часа. За сето тоа потрошила неверојатни 700.000 долари.
Досега направила дури три операции на носот, три операции на градите, липосукција и многу други интервенции кои се заслужни за нејзиниот сегашен изглед. Таа филерите, лифтинзите на лицето и другите корекции ги наведува како редовни козметички третмани, а не како операции. Како што изјавила, толку редовно ги применува што се чувствува како да оди во супермаркет.
Многумина на улица ја поистоветуваат со старлетата, некои мислат дека дури и е сестра, но таа верува дека ќе ја надмине славата на моментално најпознатата старлета. Во едно интервју таа открила дека постојаната трансформација на телото ја прави среќна и самоуверена, па ќе продолжи да го прави тоа и во иднина.
Оваа ѕвезда на Инстаграм тврди дека новиот изглед и донел многу пари и нови работни места, но дека целиот процес на трансформација влијаел на нејзиното здравје. Сè уште се сеќава на некои непријатни искуства.