Сопственик на стан во источен Лондон се соочува со неверојатни трошоци за чистење откако јато гулаби направиле хаос.
Тешко е да се опише состојбата на собите, вклучително и мебелот, а птиците веројатно влегле низ вратата од отворената тераса.
Сопственикот им дал на станарите четири недели да се иселат, а кога дошол да ја провери ситуацијата за малку ќе доживеел срцев удар.
Сликите ги објави компанијата Network for Pest Solutions, а набрзо станаа вирални, пренесува Yahoo News.
„Смрдеата е неподнослива. Нема дел од станот што не е покриен со измет“, беше соопштено.
Споменатата компанија е специјализирана за дезинсекција и контрола на штетници, а нејзините работници биле принудени да носат целосна заштитна опрема поради страв од инфекција.
Целиот стан мора да се испразни, исчисти и опреми за живеење, а сопственикот ќе плати дебела сума.
Официјалните лица проценуваат дека во британскиот главен град има околу 2.993.000 гулаби.