Српската пејачка Романа Паниќ (45) е осудена на 12 месеци затвор, а агентот за продажба на недвижности Филип М. (40) на 14 месеци, откако биле уапсени во Австралија поради користење на софистициран систем кој во март и април го поставиле на три банкомати во Бризбејн, а потоа ги копирале податоците и банкарските картички.
На тој начин двојката присобрала банкарски податоци од 35 лица.
Романа и Филип кој претходно останале без пари во Австралија, па смислиле план како да се опарат, ја признале вината, па ќе бидат условно пуштени откако ќе одлежат најмалку три месеци затвор.