Во Томск во Русија во април оваа година е роден малиот Александар К. или како што го нарекуваат Саша, со многу редок хендикеп: тој е едно од три бебиња на светот родени без очни јаболчници.
Поради тоа просто нема органи за вид и никогаш нема да може да гледа. е верува дека момчето пати од екстремниот облик на реткиот СОКС2 анофталмиски синдром кој погодува едно бебе во четири милиони.
Неговата мајка е девојка која сама пораснала во сиропиталиште во кое е сега и нејзиниот син. Таа за хендикепот на детето дознала додека била бремена, но сепак одлучила да го роди. Меѓутоа, морала да се откаже од него затоа што не може да му пружи нега која му е потребна. Нема податоци за таткото, а во неговиот извод е напишана црта на местото каде треба да го пишува таткото.
Во домот за деца без родители велат дека Саша е мирно и весело бебе. Се насмевнува кога слуша непознати гласови. Комуницира како и секое друго бебе.
Покрај тоа што нема органи за вид, докторите велат дека Саша е единствен и по тоа што е целосно здрав. Обично бебињата како него се раѓаат со тежок хендикеп, но тој има само две цисти на челото кои наскоро ќе бидат отсранети. Инаку е сосема здрав.
На детето неодамна му биле вградени вештачки очни јаболчници за лицето да не му се деформира додека расте. На такви операции ќе мора да оди редовно затоа што јаболчниците растат како и сите други делови од телото.
Директорката на домот вели дека е подготвен за посвојување.