Плажите и ски-центрите во Грција ќе бидат затворени од денеска. Ова се дел од мерките на грчката влада за да се спречи ширењето на коронавирусот КОВИД-19.
„Само што наредив сите плажи и ски-центри да бидат затворени утре. Ситуацијата е сериозна и бара одговорност од сите. Избегнувајте собирање на јавни места со премногу луѓе“, напиша синоќа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во својот официјален профил на Твитер , во кој ги повикува луѓето да ги почитуваат околностите.
Според медиумите во Грција, дел од граѓаните, вчера, наместо дома, решиле топлото и сончево време да го искористат за да посетат некоја од организираните плажи што поседуваат лежалки, во близина на Атина.