„Забележете ја сличноста на положбата на нејзините раце, со линиите на буквите О и Г, облеката и боите на сатанска свештеничка – сѐ потсеќа на Бафомет“, „Зошто наеднаш црвената боја стана толку ‘будна’ (се мисли на тренд-идеологијата ‘Woke’ – ‘Будност’)?“, „Сатанската вештерка“, „Oд кога популарната естетика околу славните стана сатанска?“ – се само дел од коментарите на Твитер.

Имено, Жизел позираше за „Вог“ (Vogue) во црвен фустан на „Валентино“. Косата ѝ е сокриена под „залижаната“ црвена кусокоса перика, со многу шминка и целосно избледен тен. На усните има црвен кармин, додека очите ѝ е украсени со црна сенка, а пак лицето ѝ е украсено со дијамантски обетки… Сè тоа го прави целиот нејзин изглед – доста „мистичен“.

Изгледот на Жизел го дизајнираше стилистот Иб Камара, кој е и главен уредник на списанието „Дејзд“ (Dazed). Инаку, манекенката досега била на дури 142 насловници на „Вог“.