Кога Британецот од индиско потекло Сури Натвани (81) заболен од коронавирус, го отпуштиле од болница да си оди дома, тој имал само една желба – да не го враќаат повеќе назад во болницатa за да може да си умре дома.
-Молим те, вети ми. Ако треба да умрам, дома да умрам. Немој да ме носиш повторно во болница – му рекол на неговиот син Рај, пренесува Си-Ен-Ен.
Но, син му не сакал да прифати таткому да умре, иако шансите да ја преживее кораната биле мали. Тој ја следел состојбата со коронавирусот уште додека епидемијата била проширена само во Кина и добро се запознал со болеста.
Состојбата на татко му му се влошила на 25 март, иако немал висока температура и јака кашлица. Уште тогаш тој се посомневал дека се работи за коронавирус. Следниот ден ја повикал итната помош и уште од старт докторите му рекле дека 95 отсто татко му е заразен со коронавирус и дека ќе го пуштат дома оти му нема спас. Докторите го прежалиле Сури, но така не мислел и син му Рај.
Пред татко му да се врати дома Рај цело попладне го поминал во чистење на куќата во Ватфорд и подготвувајќи еден дел само за татко му. Тој спалната соба ја претворил во импровизирано болничко одделение. Ставил табла на која ја запишувал дневнатата температура и притисок на татко му. Се трудел тој што е можни повеќе време да лежи на стомак, положба која помага при лекување на короната.
Сепак животот на Сури му го спасил апаратот за помош при дишењето ( CPAP ) што го имале од порано дома поради хроничниот проблем со белите дробови.
-Лекарите ме советуваа да го користам уредот кога дишењето на татко ми ќе му се влошува“, рече Рај.
Три дена откако беше отпуштен, Сури престанал да јаде и му рекол на Рај дека дефинитивно му дошол крајот. Сепак, синот не се откажал, и по некое време здравјето на татко му почнало да се подобрува. Рај прв пат сватил дека на татко му му е подобро кога побарал да му донесат чипс и пица.