Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за „Сител“ ТВ изјави дека првите кафулиња и ресторани ќе се отворат кон крајот на следната недела.
„На почетокот на неделата сакаме да укажеме кои се принципите што треба да се почитуваат, за во мометот кога тие ќе почнат со работа, да знаат како да се вратат во функција“, изјави министерот.
Кога ќе се отворат границите 14-дневниот карантин нема да може да се спроведува во ниту една во земјите од регионот, најави Филипче.
Засега секој што ќе се врати во Македонија или ќе сака да излезе во странство мора да ја мине задолжителната двонеделна изолација.
Филипче откри и кога македонските граѓани ќе можат да патуваат во Грција и какви документи ќе им бидат потребни.
“Ние спремивме документ кој ќе треба да се разгледа во текот на оваа недела. Кога ќе го разгледаме оваа недела, верувам дека ќе го најдеме и заедничкиот начин за соработка, а потоа тој документ ќе се даде и на други земји соседни. Многу наши граѓани ќе сакаат да патуваат во Грција, многу нивни граѓани ќе сакаат да дојдат кај нас. Така да, разговаравме за тоа, ќе го спремиме документот, ќе го разгледаат стручните лица и начинот на движење на граѓаните, поминување на границите ќе биде финализиран“ објасни Филипче.