Гоце Тодоровски препознатлив по улогите во „Македонските народни приказни“ одбележа 49 години брак со својата сопруга Тања. Токму по овој повод семејството Тодоровски се собра на едно место и го прослави овој ден.
Нивните деца Сашенка и Гоце споделија фотографии на Фејсбук, кои подоцна беа објавени и на неколку фан страници за Македонските народни приказни. На нив, 72-годишниот актер позира со двете деца.
„Нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски деновиве одбележа 49 години брак со својата сопруга. По тој повод семејството Тодоровски се собра во својот дом и го прослави тој голем ден крунисан со цели 49 години заеднички живот помеѓу Гоце и неговата животна сопатничка. Како плод на љубовта со неговата сопруга изродија две деца, на следниве фотографии ги гледате, ќерката Сашенка Тодоровска и синот Гоце крстен по својот татко Гоце Тодоровски“ – стои во описот на фотографиите.