Голманот на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро, денешниот ден ќе го слави како втор роденден, откако мина речиси без гребнатинка по стравичното излетување од патот во кое го парчоса своето Ламборџини вредно 200.000 евра.
Патувајќи накај тренинг, Ромеро излетал од патот и удрил во заштитната ограда, речиси комплетно го уништил своето Ламборџини.
Манчестер јунајтед потврди дека нивниот голман останал неповреден и покрај големите оштетувања на неговиот автомобил.