Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер добија втор син. Ана на својот Инстаграм профил објави фотка која ги разнежи фановите.
На фотографијата се рацете на Ана, Бастијан, нивниот син Лука и синот кој штотуку се родил.
-Преплавени сме со љубов и среќа. Нашиот дечко доби помлад брат – напиша Ана.