Родителите на шестгодишната Ина се огласија преку Фејсбук со прекрасни вести. Малото девојче на кое му беше дијагностицирано тумор на мозокот кој и предивикувал епилептични напади, е успешно оперирано.
Хуманите граѓани му помогнаа на семејството да го собере потребниот износ и да ги покрие трошоците за операцијата во Турција.
-Сакаме да споделиме една убава вест со сите кои помогнавте за малата Ина. Операцијата беше успешна, се помина во најдобар ред, Ина е супер – закрепнуваме. Уште еднаш од срце да ви се заблагодарам на сите што на било каков начин ни помогнавте. Господ е голем, ќе ви врати на сите – порача преку Фејсбук таткото Ивица.