“ВИРУСОТ КЛИНИЧКИ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ ВО ИТАЛИЈА“: Шок тврдење на личниот лекар на Берлускони (ФОТО)

by Тони Зографски

Шефот на болницата Сан Рафаеле во Милано, во северниот регион Ломбардија, кој бил жариште на пандемијата на коронавирусот во Италија и личен лекар на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, Алберто Зангрило рекол дека новиот вирус ја губи својата сила и дека станал помалку смртоносен.

“Во реалност, вирусот клинички повеќе не постои во Италија”, шокирал со својата изјава Зангрило.

“Брисевите земени последните десет дена покажаа дека нивото на вирусот во квантитативна смисла е апсолутно екстремно помало во однос на оние земени пред еден или два месеци”, додал тој, пренесува порталот “Hamodia”.

Зангрило рекол дека некои експерти се загрижени поради можноста за појава на втор бран на инфекција и додал дека политичарите треба да ја земат во предвид новата реалност.

“Мора да се вратиме во нормална состојба. Некој мора да преземе одговорност за тероризирањето на државата”, истакнал Зангрило.

Инаку, Италија е трета земја во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус, со 33.475, откако избила епидемијата на 21-ви февруари. Според бројот на заболени, кој изнесува 233.197, Италија е на 6-тото место во светот.

Бројот на нови инфекции и смртни случаи почнал полека но сигурно да опаѓа во мај и земјата почнала да ги олабавува некои од најстрогите рестриктивни мерки воведени во Европа.

 

останати вести