Луксузно уредената куќа на пејачката и актерка се продава за 42,5 милиони долари, пишува магазинот People.

Парот сакал да ја реновира вилата, но се предомислиле и ја ставиле на продажба. Имотот зафаќа речиси осум хектари, а површината на куќата е повеќе од илјада квадратни метри. Има девет спални соби и 13 бањи.

VIDEO Jennifer Lopez prodaje kuću za 42.5 milijuna dolara, pogledajte kako izgleda

Вилата има и домашно кино со 30 седишта, теретана, бесконечен базен, гостинска куќа и амфитеатар со сто седишта.

Џеј Ло ја купила куќата во 2016 година за 28 милиони долари. Имотот првично бил дизајниран од архитектот Семјуел Маркс, но оттогаш е преуреден. Сега, таа го најмила добро познатиот агент, Брет Лојер, кој работи во агенцијата Carolwood Estates, за да го продаде имотот.