Првата руска вакцина против коронавирусот е подготвена, рече првиот заменик министер за одбрана на Русија, Руслан Каликов.
Тој рече дека работата на руските воени виролози на правење вакцина е завршена и дека друга група на доброволци, кои учествувале на клиничките испитувања на вакцината, ја напуштила болницата, откако им се направени контролни анализи, пренесува Спутник.
„Нашите експерти и научници од Националниот центар за истражување веќе направиле конечни проценки на резултатите од тестот. Во моментот на отпуштање (од болницата), сите волонтери, без исклучок, се стекнале со имунитет на вирусот корона и се чувствувале добро. Значи, првата руска вакцина против корона е подготвена“, рече Каликов за весникот „Аргументи и факти“.
Тој објасни дека руските воени виролози, заедно со водечките научни организации во земјата, активно работат на правење вакцини против опасни заболувања, што било решавачка причина војниците доброволци да се согласат да учествуваат во тестирање на вакцината.
Претходно, раководителот на Центарот за клинички студии на лекови од универзитетот „Сеченов“, Елена Смоларчук, објави дека сите волонтери, на кои им била тестирана вакцината на универзитетот „Сеченов“, се стекнале со имунитет.
Сега е тешко да се каже колку долго луѓето кои веќе се вакцинирани ќе имаат имунитет на коронавирусот, додаде Смоларчук.