Лара била примена во болницата во Перпигнан, а после хоспидализацијата и била дијагоностициран автоимуно пореметување и за време на викендот нејзината состојба многу се влошила и се искомпликувала, па итно и биле извршени две операции и сега се наоѓа во индуцирана кома.
„Состојбата на Лара е стабилна, ама и понатаму таа е критична“, објавила лизгачката федерација на Холандија (КНСБ).
Нејзиниот тренер Јероен Отер, признал дека во моментов лизгачката води животна битка.
„Лара во моментов се бори за живот“, рекол тој.
Ван Руијвен беше светска шампионка лани на 500 метри на СП во Софија, а има бронза од штафетата на 3.000 метри во Пјонгчанг во 2018 година.