Починатиот од Куманово се заразил од роднина кој пред две недели се вратил од Франција

by Тони Зографски

“Имаме две починати лица од коронавирусот, вчера во текот на денот, односно после полноќ маж на возраст од 45 години од  Куманово, е префрлан на Инфективната клиника, каде за жал починал. Починатиот имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност(гојазност) и бил во контакот со близок член на семејството кој пред две недели се вратил од Франција. Другиот пацинет е на возраст од 78 години од Дебар кој имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

54 лица во моментов се лекуваат на Инфективната клиника,  4 од нив се во критична состојба, 20 имаат потреба од кислородна маска, на другите лица не им е потребен дополнителна поддршка од кислород, рече Филипче.

 

 

 

 

 

останати вести