Деновиве никој не е задоволен од цените на енергенсите, но веста дека цените на бензинот и дизелот се намалени во Полска од 1 февруари, го натера сопственикот на компанија од Тирингија истиот ден да оди на долг пат во Богатинија во Полска за да купи поевтин дизел.
Веројатно не очекувал да се случи она што се случило на крајот. Тој по враќањето во Германија најпрво бил запрен од федералната полиција, која одговорно ги известила локалните царински органи, пренесува Феникс-магазин.
Полициските службеници на задниот дел од камионот пронашле осум метални буриња, секое со капацитет од 200 литри. Сите буриња биле наполнети со дизел. Германец на лице место добил казна од околу 750 евра, а против него е покрената кривична даночна постапка. Но, тоа не е се.
Бидејќи е очигледно прекршена уредбата за превоз на опасни материи, царината ја известила надлежната сообраќајна полиција. Тие, пак, му наплатиле казна од околу 1.500 евра за непочитување на прописите за опасни материи.
Инаку, во Германија литар бензин е околу 1,7 евра, а во Полска 1,27 евра.