MУ ВРАТИЛО “МИЛО ЗА ДРАГО“, ПА СЕ ПОФАЛИ: Момчето ја оставило поради кариерата, а таа сега е со неговиот шеф (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Полина Ниџоли (26), руска актерка, филмска продуцентка и инфлуенсерка решила да му се одмазди на своето поранешно момче на, како што вели, најдобар можен начин.

Со оглед на тоа што е многу активна на социјалните мрежи, Полина објави видео на ТикТок во кое откри дека нејзиното поранешно момче ја оставило поради нејзината кариера.

– Ми раскина бидејќи сака да се фокусира на кариерата, а сега излегувам со сопственикот на неговата компанија. Одмаздата треба да се сервира ладна – рече Полина.

Од објавувањето, видеото е прегледано 1,2 милиони пати и има повеќе од 1.500 коментари.

– Моќен потег. Ти си мојата инспирација – напишала една девојка.

– Интересно е што направи. Сепак, поставувам едно прашање. Дали сте со сопственикот на фирмата само за парите – прашала една девојка, а Полина одговорила:

– Драги мои, заработувам милиони и имам своја компанија со 100 вработени. Дали треба да излегувам со некој што е полош од мене? Не, благодарам.

 

останати вести