Георгина Родригез објави неколку нови фотографии од Дубаи.
29-годишната манекенка го придружуваше својот сопруг Кристијано Роналдо на доделувањето на наградите „ Globe Soccer“. За таа пригода таа облече тесен, мини бел фустан од тантела.
Нејзините фотографии од настанот на Инстаграм собраа повеќе од три милиони лајкови за еден ден, но некои го критикуваа стилот на Георгина во коментарите. Напишаа дека е „убава и згодна“ но дека „евтино се облекува“.
Самата Георгина во своето шоу на Нетфликс призна дека нема стилист бидејќи не ја познаваат и не знаат што сака. “Па што ако сакам да носам фенси накит и спортски панталони. Така ми се допаѓа”, рекла таа тогаш.
Некои се пошегуваа и под нејзината објава напишаа дека мислеле дека објавила фотографии од свадбата.