Некогаш една од најголемите филмски ѕвезди, денес е целосно непрепознатлива поради вишокот килограми, а долги години избегнува јавни настапи.
Имено, актерката Бриџит Фонда (59) е снимена викендов во Лос Анџелес. Папараците ја сликаат само ваму-таму кога оди на шопинг, секогаш е во широка облека, без шминка и со несредена коса.
Последен пат Бриџит беше видена во јавност во септември 2022 година, а од Холивуд се повлече во 2002 година. Колку не и се допаѓа вниманието, доволно говори фактот дека во јавноста е видена само 12 години подоцна по нејзиното пензионирање. Тогаш првпат ја покажа сивата коса и очилата кои ги носи и денес.
Најмногу ја паметиме по улогата во Џеки Браун на Квентин Тарантино. Глумеше и во филмовите „Рекламата носи смрт“, „Патот без враќање“, „Совет од два милиони долари“. Таа беше на врвот на својата слава во 80-тите и 90-тите години.
Во 2003 година, таа се омажи за Дени Елфман и целосно се посвети на тивкиот, семеен живот на нејзиниот ранч во Санта Барбара. Во 2005 година, парот го доби синот Оливер.