На Хемискиот факултет на Универзитетот во Белград (УБ) беше претставено пиво збогатено со цинк и хијалурон со имуностимулирачки и анти-старечки ефекти. Професорот на Хемискиот факултет УБ Владимир Бешкоски на седницата на Наставно-научниот совет на колегите им го претстави пиво произведено во рамките на неговиот проект наречен „ПИВО+ХиЗн“, стои во објавата на официјалниот Инстаграм профил на тој факултет.
Како раководител на проектот, тој изрази очекување дека пивото збогатено со цинк и хијалурон ќе биде иновативен и атрактивен комерцијален производ, како за стимулација на имунитетот, така и за подмладување на кожата.
„Резултатите од овој проект најдобро илустрираат како хемичарите од нашиот факултет не само што се занимаваат со фундаментални истражувања, туку и во оригинални проекти кои имаат големо практично значење“, се наведува во соопштението.