Најновиот трејлер од документарниот филм за принцот Хари и Меган Маркл предизвика шокантни реакции во светската јавност, а британските медиуми велат дека најлошото допрва доаѓа.
Документарниот филм за британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе биде објавен на 8. Декември. Меѓутоа, најновиот трејлер за ова филмско остварување кое неодамна беше објавено е доказ дека допрва моќното кралско семејство го чека драма и дека младиот член на кралското семејство е спремен да удри посилно од кога било врз останатите членови, иако по смртта на кралицата Елизабета Втора се веруваше дека тој ќе ја „спушти топката“.
Имено, во новообјавеното видео, Хари посилно од кога и да е се спротивставува на основните ставови на кралското семејство, и тврди дека Дворот покренал војна против неговата сопруга. Тој животот во Бакингем го опишува како валкана игра.
Во тизерот се прикажани кадри во кои покојната мајка на Хари, принцезата Дајана, како и Кејт Мидлтон, се под мобинг од папараците. Принцот Хари, исто така, зборува и за болката и страдањето низ кои поминуваат жените кои се мажат во кралското семејство и започнуваат живот во палатата.
Покрај ова, во еден момент се слуша и пријател на парот како зборува за омразата што Хари и Меган ја трпеле, особено кога Меган била бремена со нивната ќерка Лилибет. Осудите со расизам биле само дел од ужасот кои внеле дополнителен немир во нивните животи. По серијата наслови во весниците кои се однесуваа на нив, Меган низ солзи проговори.
– Сфатив дека никогаш нема да ме заштити од ова – низ солзи зборуваше Маркл, додека Хари со растреперен глас констатира:
– Бев преплашен, не сакав да се повтори историјата – рекол принцот, алудирајќи на судбината на неговата мајка Дијана.
Кадрите потоа ја прикажуваат јавноста по нивната свршувачка која е воодушевена од младиот пар. Во тоа време Меган беше најавувана како голема ѕвезда во медиумите. Меѓутоа, сè се сменило за миг, се наведува во документарецот, и се прикажува фотографија од кралот Чарлс Трети со сопругата Камила и Вилијам и Кејт.
– Постои семејна хиерархија, тоа некако функционира, но има и измислени приказни, тоа е валкана игра – истакнува Хари.
Се чини дека неговите зборови најсилно одекнале во јавноста, а британскиот Дејли Мејл наведува дека изјавите на младиот член на кралското семејство веројатно најмногу ќе му наштетат на неговиот брат, принцот Вилијам, кој лично ќе се почувствува прозван во споменатиот документарец.
Крајот на трејлерот завршува со зборовите кои навестуваат дека принцот Хари допрва ќе ја изнесе „валкана облека“, а тоа нема да биде нималку пријатно за гледање.