ПРВИОТ СОПРУГ Ѝ ПОЧИНАЛ ОД ТУМОР НА МОЗОКОТ, ВТОРИОТ СЕ БОРИ СО РАК, А И САМАТА ИМАЛА КАНЦЕР: Живот исполнет со драми на “очајната домаќинка“

by Тони Зографски

Популарната „очајна домаќинка“, американската глумица Марша Крос е многу успешна во нејзиниот бизнис, но ретко кој знае што помина низ приватниот живот.

Имено, пред да се омажи за Том Махони и вештачко оплодување, со помош на која ги доби своите наследници во 45-тата година, Марша Крос беше во врска цели осум години која заврши трагично, поради што актерката долго жали. Марша била во врска со 25-годишниот актер Ричард Џордан, кој почина во 1993 година од тумор на мозокот. Патем, Марша минатата година откри на јавноста дека и самата се борела со рак на аналниот канал.

-Разговарав за тоа затоа што мислам дека е важно да се едуцираат луѓето за ХПВ. ХПВ може да предизвика карцином на грлото на матката и други видови на рак … Понекогаш се потребни години за да се развие – рече таа..

Инаку, на нејзиниот сегашен сопруг му беше дијагностициран рак на грлото во 2009 година. Глумицата истакна дека го цени нејзиниот живот уште повеќе бидејќи таа и нејзиниот сопруг се соочиле и ја надминале сериозната болест.

И покрај драматичните животни околности, Крос работи со полна пареа, а ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со фотографија во која е во пижами со нејзиниот татко.

-Јаболкница – татко ми и модна икона. Тој има 97 години, а уште трае – напиша популарната глумица.

останати вести