Покрај ќерката Искра, глумецот Војо Брајовиќ има и син кој е вистински фраер. Вукота Брајовиќ е модел кој самиот работи на својата кариера, а тоа што таткому е познат, воопшто не му помогнало во животот, вели тој.
Вукота има 40 години. Пред неколку години беше еден од најбараните машки манекени во Србија, но во светот на модата направи пауза и се посвети на работата во филмската индустрија.
Тогаш се посвети на работата на филмот „Зона на мртвите“, во кој се појавува како продуцент, сценарист и актер.
Иако филмот му е во гените, Вукота, сепак, се врати во модната индустрија и го покрена блогот „Стајл бај Вукота“.