Претседателот на Левица, Димитар Апасиев која според неофицијалните резултатите на парламентарните избори освои два мандати, преку социјалните мрежи повика на рачно броење на гласачките ливчиња.
-Двајца фиксни! Тројца украдени!? Хаос во ДИК. Идеме на рачно броење… На повидок тежок фалсификат. Најнерегуларни избори откога постои Македонија. Одиме до КРАЈ“ пишува Апасиев.
На претходниот свој пост Димитар Апасиев напиша:
-Не очајувајте, другари долг е патот на борбата! Мојот земјак, велешанецот Панко Брашнар беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор. Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро ГЛИГОРОВ. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе „суверена, самостојна и независна Република Македонија“. Ноќеска им го пробивме системот! Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува „будалите“, стои во неговиот пост.