Италијанскиот новинар Танкреди Палмери сподели неверојатна ситуација која му се случила додека се јавувал во живо на програма во Италија кога една девојка му ги покажала градите.

Имено, навивачката на Хартс изјави дека се вика Наташа и дека доаѓа од Единбург. Таа сакаше да ја покаже својата посветеност кон својот фудбалски клуб, но и одбивноста кон Хибернианс.

Таа се обиде да ја покаже едната града и да му ја претстави својата тетоважа. Новинарот се обиде да ја спречи, а во намерата и се приклучил и момчето кое било со неа. Со раце и ги покриле градите.

– Градите ми се вистински – рече навивачката.

На крајот успеа да го покаже делот од телото што го наумила и тетоважата „5:1“.

Палмери беше во шок.

Пред 20 години Хартс го победи Хибернијан со 5-1 во финалето на шкотскиот куп.