На Фејсбук и Инстаграм страната на сега веќе згаснатата 1ТВ денеска осамна објава во која се вели:
„Доволно долго време паузиравме со објави на нашите профили. Нашата прва објава ја посветуваме на човекот кој ја создаде 1ТВ, Бојан Јовановски и кој се бореше секој вработен во телевизијата да има достоиствен третман, човек кој беше другар со секој враборен во 1ТВ. Ние сме сведоци на фактите кој бил и каков бил Бојан Јовановски, но…Во контекст на оваа фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот правен предмет „Рекет“ сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изнанадена од позадината и вистината за предметот „Рекет“. Како беше онаа познатата реплика „Вистината е како шило“. Е, токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен „Рекет“!!!“, се вели во пораката.
Наводно, Боки 13. најавил дека преку социјалните мрежи ќе почне да и се обраќа на јавноста, со цел да се слушне неговиот дел од приказната во случајот „Рекет“.
Инаку, за „Рекет“, им се суди на екс обвинителката од СЈО, Катица Јанева и Боки 13, додека Зоран Милевски Кичеец ја призна вината и доби 3 години затвор.