Викторија Лоба мака мачи како да заспие на Мајами. Таа од пред неколку дена е во оваа американската туристичка дестинација и поради различините временски зони сеуште не и е навикнат биоритамот.
– Дали некогаш сте се запрашале што е вистински jet lag? Можам да кажам дека вчера и завчера го искусив во потполност, а дополнително со себе си ја понесов настинката од дома 😪 Ми се спиеше постојано, состојба матна како во полу сон и кога ќе стигнам до соба не можам да заспијам. Максимум што можам да спијам е до 6 наутро (11 ам по наше време). Ги прочитав сите статии за тоа како да го победиш jet lag-от и единствен спас најдов во апликација Timeshifter која те спрема неколку дена претходно за твоето патување. Ќе ја испробам на враќање дали функционира, а сега пак ќе си поспијам Дали некогаш сте се запрашале што е вистински jet lag? – напиша Лоба на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BvAAgbsHVTc/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Инаку и претходно Лоба се жалеше на сонот.
„Голема желба ми е во денот да имам плус барем 3-4 часа екстра за да можам да стигнам сѐ на време. И да се наспијам. Веќе не се сеќавам кога се имам наспано на раат, но кога ги гледам резултатите од мојата работа , сфаќам дека мојата ненаспаност се исплати. Ви посакувам на сите да ја имате работата од вашите соништа“,напиша лани Лоба.